Настани 11117220_952124818171896_3906560089342312384_n

28 април, 2015

Првомајски фестивал „Truck & Roll“ со „Бекдор бенд“ и пријателите

Познатите охридски рокери „Бекдор бенд“ годинава по четврти пат го организираат веќе традиционалниот првомајски фестивал „Truck & Roll“, а овој пат ќе гостуваат и нивните пријатели, битолчаните „Паркети“ и „Ерапшн“ (Eruption), кавадарчаните „Смоук шејкерс“ и гитарскиот виртуоз Дамјан Пејчиноски, а најавен е и специјален гостин чие име ќе се држи во тајност сè до денот на концертот.

Како и секоја година, фестивалот ќе започне  во 14 часот со жива свирка низ охридските улици од камиот во движење, а централниот настан ќе се одржи на градскиот плоштад во Охрид.

 



Врати се горе ↑