Настани

14 јуни, 2019

Прво издание на фестивалот „Енхалон“ на 4 локации низ Струга

Денеска во Струга се одржува првото издание на интернационалниот фестивал на современа музика и дигитални уметности – „Енхалон“ (N-H // LON). Организаторите на фестивалот најавуваат незаборавна фестивалска авантура со 32-часовна, континуирана музичка програма, поделена на 4 локации во градот. Организаторите како ѕвезди на фестивалот ги посочуваат германските техно-икони „Ејншент методс“ (Ancient Methods), Даниела Ла Луз (Daniela La Luz) и полскиот продуцент Глос (Glos).

Фестивалот го отвора „Ејншент методс“ во струшкиот „Хангар“, кој е дел од Центарот за култура во Струга. Потоа во раните утрински часови се сели на 12-часовна афтер-журка на плажата во автокампот Ливадиште, каде ќе настапат 12 интернационални и домашни артисти, а целиот настан ќе биде пренесуван во живо на британското радио „Тредс“ (Threads).

Од 20 часот, во сабота, фестивалот продолжува со втората фестивалска вечер, на отворената летна сцена од Центарот за култура во Струга каде како главна ѕвезда е најавена берлинската диџејка Даниела Ла Луз. За оние кои сè уште имаат енергија журката не завршува тука. Два часа после полноќ програмата продолжува на крстарење со брод по Охридското Езеро со што и завршува овогодинешното издание на „Енхалон“. На бродот ќе настапи полскиот диџеј и продуцент Глос, кој ќе има неколку часовен сет во живо.

Комплетната програма е објавена на настанот на Фејсбук.

N-H // LON 2019 Promo Teaser

N-H // LON 2019 Promo Teaser

Gepostet von N-H // LON Festival am Freitag, 31. Mai 2019



Врати се горе ↑