Настани dlf

13 септември, 2014

Прво издание на „Dream Live Festival“ во Битола

Во градот под Пелистер, на 1 ноември ќе се одржи првиот „Dream Live Festival“, а организаторите со огромно задоволство најавуваат три светски и два локални диџеи кои ќе се погрижат ова прво издание на фестивалот да помине во одлична атмосфера.

Дино МФУ (Dino MFU), главната ѕвезда за овогодишното издание на фестивалот, добро познатиот хитмејкер кој зад себе има голем број на песни, ремикси и има учествувано на голем број настани. Притоа, дел е од голем број на песни, како: „Little Girl’s Eyes“, „I Wonder“, „Miracle“, „Everyday“, „I’m In Love“, добро познатиот ремикс на „Summertime Sadness“ и најдобриот негов проект, „On Your Name“.

Габриел Расел, член на перспективното дуо „Сликбитс“ (SlickBeats), кое е основано заедно со „Иси Битс“ (Issy Beats). Габриел стои зад голем број на хитови, бидејќи се смета за еден од најдобрите вокали што може да постојат. Имено тој заедно со Дино, успеваат да го издадат горенаведениот хит – „On Your Name“. Останати познати песни: „You Say“, „Tell Me What Is Wrong Now“, „So Beautiful“, голем број на ремикси и еден доста познат хит „Rock The Beat“.

Ник Капа, еден од главните мајстори зад кој стојат голем број на летни песни: „Fell Me Up“, „Last Kiss“, „Lovely Call“, „Summer Paradise“ и еден од најдобрите хитови „Summer In Love“.

 

Александар Галоски, првите музички изданија ги издава преку музичката продукција на Армин Ван Бјурен – „Армада мјузик“. Тој преку неговото име „Д Флаерс (Тhe Flyers)“ успева да се издигне и притоа во јуни 2011 година, потпишува договор со издавачката куќа на Роџер Санчез – „Стилт рекордс“. Во август истата година настапува на фестивалот „Hola Summer Fest 2011“ во Химаре, Албанија заедно со Аксвел – еден од членовите на светски познатото трио „Свидиш Хаус Мафија“. Благодарение на разновидноста на неговите музички таленти и посветеност кон електронската музика, Александар Галоски е сметан за еден од најталентираните и најперспективни музички продуценти и диџеи во Македонија.

Рикардо Ернандез (Ricardo Hernandez), со музика се занимава уште од најраните години. Тој за многу кратко време успева да ја придобие публиката и се смета за еден од најперспективните битолски диџеи.

 

Фестивалот ќе се одржи на 1 ноември (сабота) во спорската сала „Младост“ во Битола, а билетите по цена од 200 денари се пуштени во претпродажба преку продажната мрежа на „Купи карти за сè“, како и во повеќе продажни места ширум Македонија. Повеќе информации за настанот можете да дознаете на Фејсбук.



Врати се горе ↑