Свет How-to-Harlem-Shake-Baauer-e1360539932811

18 февруари, 2013

Прво Гангнам Стајл, па Харлем Шејк

По мегахитот „Гангнам Стајл“, деновиве светот се „зарази“ со уште еден вирален хит. Станува збор за нумерата „Harlem Shake“ која минатата година ја претстави музичарот Бауер (Baauer), а на почетокот на месецов сè почесто почнаа да се појавуваат видео клипови кои ја следат нумерата и тоа со следниот концепт: во првите 15 секунди танцува само една личност, додека другите не ја забележуваат, а во следните 15 танцуваат сите, најчесто во костими или користејќи некакви реквизити. Овој тренд го започна блогерот Филти Френк, а секој ден се прикачуваат околу 4000 нови снимки на оваа тема.

Минатата недела екипата на емисијата Late Night With Jimmy Falon ја изведе својата верзија, а од музичарите први се приклучија електро поп дуото Мет и Ким, како и раперката Ализиа Бенкс, која направи своја верзија на песната. Интересно е тоа што оригиналната песна, која ја компонирал 23-годишниот диџеј од Бруклин, Бауер на мрежата има далеку помалку прегледи во однос на „видео преработките“ кои секојдневно ги има сè повеќе. Од македонските верзии во моментов најинтересна е битолската, која се снимаше вчера попладнето во паркот во Битола, која брзо се прошири низ социјалните мрежи, па за помалку од 24 часа достигна повеќе од 18 000 прегледи, како и велешката. Во продолжение прво слушнете ја оригиналната верзија, па потоа и дел од најинтересните видео преработки.

Baauer – Harlem Shake (original)

 

Azealia Banks – Harlem Shake Remix

 

Filthy Frank (Dizasta music)

 

Harlem Shake (Matt & Kim edition)

 

Harlem Shake (Late Night with Jimmy Fallon version)

Harlem Shake (Office Edition)

 

 

Harlem Shake Bitola

 

The Harlem Shake Lake (Veles Macedonia)

Ако не Ви беше доста, само напишете Hаrlem Shake на ЈуТјуб и продолжете со забавата!



Врати се горе ↑