Македонија

20 ноември, 2018

Прво бесплатно музичко училиште за деца и млади во социјален ризик

„Гитари, дирки и свирки“ ќе биде првото училиште за музика и уметности во земјава, кое e наменето само за деца и млади во социјален ризик и каде децата ќе можат да го изучуваат инструментот или ликовната уметност, зависно што ќе одберат, и тоа за нив ќе биде сосема бесплатно.

„Токму затоа постојано апелираме до сите компании, да нè поддржат во сите наши активности, за да можеме на сите деца со помалку можности вистински да им го овозможиме квалитетот на живеење, едукацијата и подобностите кои ги имаат и останатите деца.

’Проект среќа’ е здружение кое се фокусира на работа на проекти за деца со помалку можности и ова е еден од новите проекти за 2019 година. За неколку дена започнува добро познатиот проект ’И јас сум Дедо Мраз’, каде очекуваме повторно сите ние да бидеме Дедо Мраз на децата на кои тоа им е потребно“, велат од здружението за помош на социјално загрозени дечиња, „Проект среќа“.



Врати се горе ↑