Настани skopje tom

13 февруари, 2013

Прво ајвар и сирење па потоа сет во Борис Трајковски

На желба на македонската ди-џеј публика, а на барање на Сан Продакшн (организаторот на настанот), светски познатиот диџеј и продуцент Том Нови, единствениот слободен термин во изминатите но и наредните шест месеци, со огромно задоволство прифати да го искористи за настап во Скопје.

Интензивните подготовки за неговиот прв лаунџ-бар во Берлин привршуваат, така што на 14-ти февруари го оствари својот долго посакуван сон – сопствен ресторан. Веднаш по отворањето, Том доаѓа во Македонија каде што најави цел викенд за одмор и релаксација.

Интересен е фактот што тој сам нагласи дека прва асоцијација за Македонија му претставува вкусната традиционална трпеза, топлата атмосфера во градските кафеани, како и најдобриот македонски специјалитет – ајварот. Воедно, Том побара задолжително пред настап да јаде ајвар и сирење, комбинација која ја раскажува насекаде низ светот.

На 16-ти февруари во СЦ Борис Трајковски како домашна поддршка на еден од најголемите хит-мејкери на сите времиња, ќе настапат: Бабура, Боби и Даре. Стартот на забавата е во 23:00 часот. Влезниците се веќе во предпродажба по супер промотивна цена од 200 денари почнувајќи од среда, 7-ми февруари, додека пак од 14-ти до 16-ти февруари истите ќе чинат 250 денари. Единствено во ЈУГОТОН и дистрибутивната мрежа на МК ТИКЕТС.



Врати се горе ↑