Свет youtube_music_awards_2013

2 октомври, 2013

Првите „YouTube Music Awards“ во ноември

Најпопуларната и најпосетена видео платформа ЈуТјуб деновиве ги најави првите музички награди кои ќе се одржат на 3-ти ноември, а публиката која ќе го следи овој настан ќе може да ужива во настапите на Лејди Гага, Еминем и други. Режисерот кој е потпишан на филмовите „Being John Malkovich“, „Adaptation“, „Where the Wild Things Are“, како и бројни музички видео записи, Спајк Џонзи ќе застане и позади оваа манифестација, која ќе ја води актерот Џејсон Шварцман.

Наградите ќе бидат поделени во шест категории, кои ќе ги дознаеме во текот на овој месец и кои ќе бидат комплетно врз основа на гласовите од гледачите. Добро познато е дека музиката како категорија отсекогаш била најголема на ЈуТјуб, а ова е одличен начин да им се даде уште едно признание за целата работа на музичарите чии дела собираат најголем број на прегледи.

Во однос на рејтингот, настапите на овој настан нема да се мерат според тоа колку луѓе се вклучиле во директниот пренос: „Вообичаено, 90 % од сите прегледи на настани во живо се случуваат после самиот настан.“ – изјавуваат од ЈуТјуб, додавајќи: „Настаните во живо се начин да ги натераш луѓето да зборуваат. Потоа, тоа се споделува до бескрај.

Гласањето ќе започне на 17-ти октомври, а најавата за првите музички награди на ЈуТјуб можете да ја видите во продолжение.

 

 



Врати се горе ↑