2 ноември, 2012

Првиот видео запис на „реинкарнираниот“ Снуп Лајон

Откако на неодамнешното патување во Јамајка, поранешниот рапер Снуп Дог се „реинкарнира“ во Снуп Лајон,  музичарот се пренасочи на реге музиката. Неговиот прв албум по оваа преобразба ќе биде објавен заедно со документарниот филм за неговата лична трансформација во февруари следната година, а пред извесно време беше објавен и првиот сингл „Ла ла ла“. Точно за Ноќта на вештерките беше промовиран и видео записот за овој сингл, каде што Снуп е во друштво на маскирани деца. Погледнете и слушнете како изгледа Лавот во водите на реге музиката.



Врати се горе ↑