Свет kc

28 ноември, 2014

Првиот официјален документарен филм за Курт Кобејн во 2015 година

Телевизиската куќа „Ејч-би-оу“ (HBO) во понеделникот објави дека ќе го продуцира документарниот филм „Kurt Cobain: Montage of Heck“, како прва официјална биографска приказна за фронтменот на легендарниот бенд „Нирвана“. Ова е првиот документарен филм за Курт Кобејн кој ќе биде продуциран со целосна поддршка од семејството на покојната икона, а неговата ќерка, Фрaнсис Бин Кобејн, ќе биде извршен продуцент. Прикажувањето на филмот е закажано за 2015 година.

Режисер на документарецот ќе биде Брет Морген, кој во официјалното соопштение рекол дека филмот ќе изобилува со архивски материјали, кои не се видени досега: „Почнав да работам на овој проект уште пред осум години. Кога влегов во неговата архива, открив преку 200 часа необјавен аудио материјал, различни уметнички проекти (скулптури, слики), бројни домашни видео филмови и преку 4000 страници пишан материјал, што ми помогна да го составам интимниот портрет на уметникот кој ретко зборувал за себе во јавност.“

 

 



Врати се горе ↑