Настани Sziget_Cover_

23 јануари, 2014

Први музички имиња на Сигет 2014

Тимот на Сигет го има задоволството да ги објави првите потврдени изведувачи на Островот на слободата кој ќе се одржи од 11-18 август 2014. Куинс оф д Стоун Ејџ (Queens of the Stone Age), Келвик Харис (Calvin Harris), Пласибо (Placebo) и многу други ова лето ќе бидат на островот Обудаи во срцето на Будимпешта.

Оваа година Островот на слободата ќе се одржи една недела подоцна од вообичаеното. Кароли Герендаи (Károly Gerendai), основачот и главниот организатор на Сигет фестивал, изјави: „Се чини дека го направивме вистинскиот потег што го поместивме датумот на случувањата; сега имаме можност во програмата да вклучиме и многу поголеми имиња во споредба со минатата година едноставно затоа што тоа е периодот кога се поголеми шансите тие да бидат на турнеја во Европа.”

Сигет и оваа година повторно беше во тесниот избор на 10 најдобри големи фестивали во Европа. Како и секогаш така и оваа година во програмата ќе бидат вклучени најразлични музички жанрови, а ќе бидат застапени и големи и помали, но сепак одлични музички изведувачи.
Првите потврдени имиња оваа година се…

Куинс оф д Стоун Ејџ (Queens of the Stone Age)легендарниот рок бенд од Палм Десерт, Калифорнија.
Лидер на групата е харизматичниот пејачи и гитарист Џош Хом (Josh Homme), добитник на Греми наградата. Нивниот последен албум од 2013 ,,…Like Clockwork”  има фантастична листа соработници меѓу кои и Џои Кастиљо (Joey Castillo) (поранешниот тапанар), Марк Ланиген (Mark Lanegan) (поранешен член, а денес редовен соработник) и Трент Резнор (Trent Reznor)  од Најн Инч Нејлс (Nine Inch Nails). Оваа година дефинитвно ќе растурат на Сигет фестивал.

Келвин Харис (Calvin Harris) е едно од најголемите музички имиња на електронската сцена денес. Огромен е бројот на првокласни денс хитови кои се поврзани со името на овој пејач, автор, продуцент и диџеј од Шкотска. Неговите мастер дела не само што им се познати на сите, туку се и 100% хитови на сите забави, а се продуцирани во соработка со најголемите музички имиња. Популарноста му порасна и со објавувањето на неговиот најнов, трет по ред албум ,,18 Months”.

Пласибо (Placebo)  уживаат во постојан раст на нивната популарност во светот токму поради уникатниот спој на одлична музика и одличен лајв перформанс. Нивната мрачна мелодија придружена од инстант препознатливиот вокал на Брајан Молкос (Brian Molko’s) е еден од најјаките рок брендови на изминатата декада. Мината година го објавија нивниот седми по ред студуски албум ,,Loud Like Love.

Американскиот алтернативен рок бенд Имеџин Дрегонс (Imagine Dragons), стануваат сè поуспешни на музичката сцена. Не само што имаат свој уникатен звук, туку и креираат свој сопствен свет  на романтична атмосфера благодарејќи на страста и професионализмот на членовите. Оваа година ја освоија наградата ,,Најдобри нови ѕвезди (‘Newcomer of the Year’) доделена од страна на European Festival Awards. 

Бастил (Bastille) од Лондон се едни од најпознатите алтернативни рок бендови денес.  Бендот започна како соло проект на пејачот и автор Ден Смит (Dan Smith), но подоцна порасна во квартет. Нивниот деби албум ,,Bad Blood” објавен мината година, наиде на одличен прием кај публиката. Нивниот најголем хит досега ,,Pompeii” и секако целокупното шоу се меѓу нештата што не смеат да се пропуштат на Сигет.

Стромае (Stromae), белгискиот кантавтор со харизматичен карактер, создава музика спој на електроника, хип-хоп, еуроденс и традиционални африкански звуци! Не самошто е навистина популарен туку и има освоено голем број значајни музички награди.  Досега има објавено два албума, а на неговите синглови, како на пример Alors on danse или Papaoutai, танцуваат милиони ширум светот.

Британскиот инди бенд Клаксонс (Klaxons) на публиката и презентира нешто навистина посебно и уникатно. Нивната музика е мешавина на пост-панк, поп и психоделичен рокенрол.  Последниот албум ,,Surfing the Void”  имаше огромен успех, а се надеваме дека Сигетанците оваа година ќе имаат можност да уживаат и во песните од нивниот најавен нов албум.

Лејдбек Лук (Laidback Luke) е вистински иноватор во денс музиката кој оваа година ќе ја енергезира и денс публиката на Сигет фестивал. Овој холандски диџеј има соработки со имиња како Димитри Вегас и Лајк Мајк (Dimitri Vegas & Like Mike) и Хардвел (Hardwell), но тој стои и зад најбараните EDM ремикси како што се: ‘Hey Now’ на Мартин Солвeјг (Martin Solveig)‘Thinking About You’  на Calvin Harris во соработка со Ајар Марар (Ayar Marar) и хитот ‘Blurred Lines’ на Робин Тик (Robin Thicke) во соработка со Фарел (Pharrel) и Ти Ај (T.I.).

Уште еден возбудлив елемент на програмата на Сигет 2014 е алтернативниот звук на Старлајт Грлс (Starlight Girls).  Оваа интересна група од Бруклин црпи инспирација од најдоброто во музиката од сите декади на минатиот век и од иднината.

Денот 0 (12 август) ќе понуди одлично загревање со настапот на Куинс оф д Стоун Ејџ, па оние што ќе си набават неделен билет со кампување непречено ќе можат да ужуваат на настапот на овие легенди. Целосната програма за деновите за загревање наскоро ќе биде целосно објавена.

Ако сакате да добиетe подобра претстава како изгледа програмата, сцените и чувството да се биде дел од Сигет, погледнете го официјалниот Сигет 2013 афтерфилм и очекувајте објава на многу нови имиња во скоро време!

www.szigetfestival.com
www.szigetfestival.mk



Врати се горе ↑