3 октомври, 2013

Првенчето на „Саунд месинџерс“ доби свој видео запис

Летниот хит „Love Me“ кој е прва песна на „Саунд месинџерс“, деновиве доби и свое видео издание. Имено, триото составено од Ерик Фокс, Симона Попоска и Љупчо Станковски, кои се главни виновници за одичните забави во ноќните клубови и кафулиња ширум земјата, реши токму таа атмосфера да ја овековечи во нивниот прв видео запис, позади кој застана тимот на Горила продукција, заедно со продукцијата Гнасни Деца. Забавата која можете да ја видите горе се случуваше во познатиот стумички клуб „Селект“.

Музиката и аранжманот на „Love Me“ се дело на Ерик Фокс, додека пак текстот го напиша младата пејачка Рената Кралевска, а продукцијата е на Роберт Билбилов и Снупи.



Врати се горе ↑