Балкан

8 октомври, 2018

Првата Мис на Македонија во новото видео на „Галија“

Легендарната српска група „Галија“ објави ново видео од својот нов албум „У рају изнад облака“, кој концертно ќе го промовира на 9 ноември во белградскиот „Сава центар“ и на 16 ноември во халата „Чаир“ во Ниш. Станува збор за визуализација на темата „Нешто ме гони“, чие снимање се одвиваше во Лос Анџелес.

8.jpg

Новото видео доаѓа по раскошната екранизација на насловната тема, која се снимаше во Исланд, а групата и овој пат ја продолжи одличната соработка со авторот Драгослав Улиќ – Даг, кој „Нешто ме гони“ го снимаше на впечатливи локации во Лос Анџелес, како што се Даунтаун, Санта Моника и Малибу. Интересно е тоа што главната улога ја доби моделот и прва Мис на Македонија за Мис на светот во 1996 година – Вера Мештеровиќ. 

3.jpg

„Даг живее во Лос Анџелес и беше природно да го искористиме неговиот претстој таму за да добиеме уште едно визуелно врвно видео. Ми се чини дека видеото е добредојдено во денешната наезда на примитивизам, кога жеснкото тело пречесто се прикажува експлицитно, просто и банално. А благодарение на Вера и Даг, ние го покажуваме како нешто најубаво, нешто природно и навистина величенствено“, објаснува фронтменот на „Галија“, Ненад Милосављевиќ.

IMG_0722 1.jpgФотографија: Иван Грлиќ

На концертите во Белград и во Ниш, „Галија“ премиерно ќе изведе во живо неколку песни од албумот „У рају изнад облака“ (ПГП РТС, 2018), како и многу други големи хитови и некои песни што долго не биле отсвирени. „Нам ни се важни и заслужуваат на овие концерти да ги облечеме во некое ново руво“, вели Неша Галија.



Врати се горе ↑