Настани 7778cfe2-7f05-4ac1-a8ca-604c6f1ca527

25 февруари, 2016

Првата дама на техно сцената, Нина Кравиц конечно на „Егзит“

Најпопуларната дама на светската електронска сцена Нина Кравиц (Nina Kraviz), ќе настапи премиерно на „Егзит денс арена“ (EXIT Dance Arena) во недела, 10 јули. Сибирската дива важи за една од најхаризматичните личности на техно сцената, а нејзините настапи се прочуени по интензивните танцувања и неверојатното чувство на публиката. Единствениот музички осет и музичкото образование со бескомпромисен пристап кон уметноста, како и искрениот однос кон публиката, ја позиционираа Нина Кравиц како хедлајнер на водечките фестивали, меѓу кои и „Коачела“ (Coachella), „Амстердам денс ивент“ (Amsterdam Dance Event), „Авејкенингс“ (Awakanenings), „Сонар“ (Sonar), „ДЕМФ“ (DEMF) и други. Посебно се издвојуваат резидентните настапи на престижните вечери на Ричи Хотин (Richie Hawtin), „ЕНТЕР“ на Ибица, како и редовните настапи во најголемите европски клубови како што се „Конкрет“ во Париз, „Нитса“ во Барселона, „Фабрик“ во Лондон или „Бергхаин“ во Берлин. Од оваа година, секој втор четврток во месецот, Нина има и престижна резидентура на „Би-би-си Радио 1“! Популарноста на нејзината издавачка куќа „трип“, предизвика вистинска инвазија на свежи и исклучително квалитетни руски продуценти на европската сцена во последните година дена.

Кравиц е родена и пораснала во сибирскиот град Иркутск, а љубовта кон музиката и плочите ја наследила од нејзиниот татко кој слушал џез и психоделичен рок. За време на ’90-тите таа го открива ејсид-хаус звукот и набргу ја започнува емисијата на локалното радио посветена на електронската музика. Селидбата во Москва и новинарската работа во музичкото списание „Птуч“, како и подоцнежното работење во организирање на техно журки, ќе и донесат подобар увид во светските електронски текови, а нејзината импресивна колекција на плочи постојано расте. Набргу стигнува и повикот да ја организира програмата во петок навечер, во водечкиот руски клуб „Пропаганда“, која за кратко време прераснува во најважната техно и хаус вечер во Москва. Благодарение на истенчениот вкус на Нина, престолнината на Русија ја посетуваат самите икони на електронската сцена како што се Тео Париш, Мајк Хакаби, „Дроплерефект“, Хуан Аткинс и бројни други. Музички исклучително образована, Нина вредно работи во студиото и набргу го објавува својот деби сингл „Voices“, по кој следува исклучително успешното ЕП „Pain in The Ass“. На тој макси-сингл се наоѓаат и култните нумери „I’m Gonna Get You“ и „Ghetto Kraviz“. Еден од клучните моменти во кариерата е секако и снимањето на миксот за легендарната серија „Диџеј Кикс“ (DJ Kicks), кој критиката го прогласи за еден од најдобрите, рамо до рамо со имињата како што се Карл Крег, Тига или Џон Талабот.

Официјално Најдобриот европски фестивал за 2016 година, „ЕГЗИТ оваа година ќе се одржи од 7 до 10 јули на Петроварадинска тврдина, а потоа „ЕГЗИТ Авантурата патува на Јадранско море поради третото издание на фестивалот „СИ ДЕНС“ од 14 до 16 јули. Настапите на Егзит Авантурата веќе ги потврдија Ели Гоулдинг, „Бастил“, „Хртс“, Виз Калифа, Димитри Вегас и Лајк Мајк, „Лост фрикуенсис“, Робин Шулц, Ники Ромеро, Стормзи, Соломун, Анди Си, „Анти-флег“, „Ет д гејтс“, „Кок спарер“, „Дисајплс“, Ернан Катанео и Хенри Саиз, Џејмс Забиела, „Мајнд агенст“, „Модстеп“, „Сигма“, „Саб фокус“, Вилкинсон, Ем-си Ад-апт, Зомбој, „Антигон“, „Боргезија“, Конго Нети, диџеј Хајп, „Даб пистолс“, Федер, Франсоа Екс, „Ајви леб“, Кенсингтон, Мис Дајнамајт, „Мај ну ленг“ и Дред Ем-си, Рене Лавис, Сем Фелдт, Сара Фарина, Шломо, „Саб зиро“, „Теди килерз“ и Томи Фор Севн.

Влезниците за „Егзит“ се во продажба по цена од 3.599 денари, а за „Си Денс“ од 2.220 денари, додека целата „Егзит Авантура“ чини само 4.250 денари, што е заштеда од 60% во однос на финалната цена. Во Македонија овие влезници, како и камп-влезниците, се достапни преку www.mktickets.mk и во Југотон (Скопје, ГТЦ, 1 кат).



Врати се горе ↑