Настани tdsu-bv

13 октомври, 2015

Прва турнеја низ Македонија на Бојан Велевски – „TOUR DE STAND UP“‏

Нашиот млад, но веќе докажан актер, комичар и стенд-ап артист, Бојан Велевски ja најавува својата голема турнеја низ Македонија, а воедно и прва турнеја од ваков тип во нашата земја. Тој зад себе веќе има голем број на настапи низ републиката, но овој пат идејата е да направи голема турнеја во домовите на култура и млади во повеќе од 25 градови низ цела Македонија.

Турнејата ќе започне во Источна Македонија, со настап во Штип на 17 октомври – сабота, во „Дом на млади“, по што следуваат Крива Паланка, Делчево, Кочани, Виница, Богданци, Гевгелија, Радовиш, Струмица.

Турнејата, после Нова година, продолжува во Централна Македонија, а ќе заврши во Западна Македонија, во летниот период, кога во план се и туристичките центри Охрид, Струга и Дојран.

За настанот „Tour de stand up“, Бојан Велевски го избра најдоброто од него во изминатите четири години стенд ап настапи – „the best off“, сето тоа склопено во 75 минутен „killer material“.

Наскоро следуваат и сите точни датуми за настапите и распоредот на градoвите во првата „Tour De Stand Up“  на Бојан Велевски.

Останете позитивни и запомнете дека смеењето и позитивните мисли се најдобриот лек за сите болести!



Врати се горе ↑