За Вас Model_za_w-cast

7 декември, 2015

Прва телевизија за мода во Македонија – Модел ТВ

Официјално ќе започне со работа првата специјализирана телевизија за мода, модни трендови и модна култура – Модел ТВ.  Tелевизијата најпрво ќе започне да емитува програма на www.model.mk и ќе функционира како интернет телевизија, за во следниот период да започне и со терестријално емитување во Република Македонија. Главниот фокус на телевизијата е да ги следи и обедини модните трендови во Македонија, македонските модни креатори, стилисти и сите луѓе кои работат во модниот бизнис.

Модел ТВ ќе продуцира емисии во сопствена продукција, ќе изработува едиторијали и фотосесии, како и кратки модни филмови. Таа ќе ги промовира и прикажува нашите убави Македонки и Македонци, ќе ги презентира најновите креации на нашите реномирани и потенцијални модни креатори, a воедно ќе ги промовира вредните и квалитетни модни работници – стилисти, фризери, мејк-ап артисти и др. Во фокусот на Модел ТВ ќе бидат и познатите музички имиња од земјава и регионот, докажаните и идни театарски и филмски ѕвезди, урбани херои и познати фаци.

Целта е да се обедини модната сцена во Македонија и заедно да го изградиме и подигнеме нивото на модната култура кај нас. Тимот е составен од млади ентузијасти, познавачи на модата и модните случувања, а веќе безрезервна поддршка има и од сите познати и признати модни дејци од земјата.



Врати се горе ↑