За Вас zvucna azbuka

18 ноември, 2015

Прв звучен буквар на македонски јазик

Звучната азбука е најновото издание од лабораторијата за приказни –Просветно дело“. Станува збор за звучна сликовница со која децата, без помош на мама и тато, брзо, лесно и низ игра ќе ги совладаат буквите од македонската азбука. Книгата сама ги изговара буквите и зборовите – детето треба само да притиска на копчињата.

По принципот притисни-слушни-повтори, на малите читатели им се овозможува правилно да ги репродуцираат буквите, да чујат поим со соодветната буква и звукот што тој го произведува. Ова интерактивно издание, освен изучувањето и препознавањето на буквите, нуди можност да се вежба пишувањето и правилниот изговор и да се откријат интересни факти за поимите кои почнуваат на секоја од буквите од македонската азбука.

Звучниот буквар е ексклузивно издание со кое „Просветно дело“ ја одбележува 70-годишнината од излегувањето на првиот Буквар на македонски јазик.



Врати се горе ↑