28 јуни, 2013

Прв видео запис за Сара Јовановиќ од Моје 3

Сара Јовановиќ, која годинава заедно со двете колешки Мирна и Невена од музичката емисија „Првиот глас на Србија“, под името Моје 3 ја претставуваа Србија на годинешниот избор за песна на Евровизија, сними дует со колегата Марко Мандиќ. Соработката на Марко и Сара е насловена „Ујутру“, а музиката и аранжманот ги направи Немања Филиповиќ од бендот МВП, додека текстот го напишал самиот Мандиќ.

Песната доби и свое видео издание во кое пејачите играат улога на љубовна двојка која има љубовни проблеми. Како изгледа сето тоа можете да видите и слушнете горе.



Врати се горе ↑