13 август, 2014

Прв видео запис за хип-хоп групата „Метафорс“

Младите хипхоп уметници Арап и Хајд од групата „Метафорс“ се претставуваат со ново видео коешто воедно е и нивно прво официјално видео издание на една песна. Застапени се на Youtube, но се добро познати по своите креативни и вешти изведби во живо. Музиката e дело на Менка, а микс и мастеринг на Трајче Цветковски. За камерата на спотот се погрижи Снип, а за видео монтажата Александар Кацарски-Кацар. Како изгледа и звучи сето тоа можете да погледнете горе.



Врати се горе ↑