Концерт 299493_204712949600705_1756902957_n

5 јули, 2013

Прв солистички концерт на Виктор во Битола

Познатиот Идол од градот на конзулите деновиве најави нова песна и видео запис, како и деби албум кој ќе пристигне на есен. Но, тоа не е сè! Во родната Битола, на 13-ти овој месец Виктор Апостоловски го закажа својот прв солистички концерт, кој ќе се одржи во локалитетот Хераклеја, а на сцената ќе го придружуваат седум музичари и гостин од Англија, гитаристот Раде Стаматов. Овој концерт ќе биде уште една можност да ги видиме заедно повеќето учесници од првиот Македонски Идол; меѓу најавените гости се и колегите Јана Бурческа, Мики Секуловски, Христијан Тодороски, Биљана Ѓошева и Иван Раденов.

Повеќе детали околу концертот ќе бидат објавени деновиве.

 



Врати се горе ↑