Концерт nina-koncert-skopje

30 март, 2014

Прв солистички концерт на Нина Бадриќ во Скопје

Познатата хрватска дива Нина Бадриќ на 5-ти април во СЦ „Борис Трајковски“ ќе го одржи својот прв солистички концерт во Македонија. Пејачката минатата година ја претстави компилацијата насловена „Најдражи“ на која се најдоа нејзините најголеми хитови од изминатата деценија, а подготвува и нов материјал кој би требало да го претстави наскоро.

„Морам да признам дека имам голема трема, бидејќи македонската публика најмалку ја познавам. Но, се радувам, бидејќи долго сонував солистички концерт во Скопје. Сакам да дојдат сите кои ги сакаат моите песни, а јас ќе дадам сè од себе да ни биде прекрасно додека трае концертот.“ – изјави Нина во неодамнешното интервју за Лидер.

Гостин на концертот ќе биде познатиот македонски пејач Даниел Данн, а влезниците по цена од 200 денари за партер, 350 за трибина и 450 за ВИП можете да ги набавите преку продажната мрежа на  Купи карти за сè.



Врати се горе ↑