Настани 10551008_1428948340721135_36906741124w58249667_n

30 март, 2015

Прв роденден на културниот центар „Кула“

Во пакет со првоаприлската еуфорија, културниот центар „Кула“ Ви го најавува својот прв роденден. Одбележувањето на овој топол настан ќе се одржи в среда во „Кула“ со почеток во 20 часот. Во прилог на роденденската атмосфера, ќе имате можност да погледнете ретроспективна изложба од плакати, фотографии и видеа од целокупната едногодишна програма на „Кула“. Авторите на изложбата ќе бидат, воглавно самите активисти кои ја градат организационата целина во „Кула“. За таа цел, во пресрет на роденденот на овој прв креативен зародиш ќе бидат изнесени содржините кои центарот ги подготвува веќе една година.

„Катадневно се трудевме на најдобар начин да ја анимираме независната уметничка сцена на нашиот градот. Претендиравме, притоа да создадеме заедничка околина за креативно творење, каде младите и етаблирани творци ќе се обединат, инкорпорирајќи го имагинативниот дух на градот. 

Мошне сме среќни што бележиме една година од постоењето на ’Кула’ и што можеме да ви најавиме динамична и автентична програма која ни следува. Би сакале првенствено да се заблагодариме на нашите пријатели и следбеници, кои нè поддржуваа во текот на целата година. Истовремено ги покануваме сите љубители на културно-уметничкиот производ да ни се придружат со присуство или учество во нашата програма. Единствено заедно, можеме одново да го забрзаме ритамот на овој бетонски-студен град и да му ја вратиме душата на старото Скопје.

Понесете си соодветна маска, позитивна енергија и повелете во ’Кула’ на први април во 20 часот да го прославиме нејзиното постоење“, порачуваат од центарот.



Врати се горе ↑