Аудио Helm2

6 август, 2013

Прв официјален сингл за српскиот рок состав Хелм

Српското рок трио Хелм составено од Горан Такиќ Тола (гитара и вокал), Стефан Николиќ Штекс (бас гитара и придружен вокал) и Младен Бијелиќ Јапанац (тапани), интензивно настапува ширум Србија и Босна и Херцеговина уште од самото формирање на бендот пред две години, а паралено работи и на авторски материјал.

По успешните концерти во рамките на белградскиот Демо Фест Лајв и ефектниот настап на финалната вечер во КСТ, Хелм свиреа и во финалето на 47-мото издание на Гитаријадата во Зајечар. Непосредно по крајот на познатата манифестација, момците од бендот завршија со работа на нивниот прв студиски сингл насловен „Грешница без лица“.

„’Грешница без лица’ е трагична приказна за девојките од провинција кои заминуваат во голем град, инспирирани од материјалните вредности кои ги наметнуваат современите трендови и начин на живот. Наместо да го дочекаат ’принцот на бел коњ’, тие тонат сè подлабоко во ’калта’ на велеградот и исчезнуваат. Темата на песната е стара, но многу искрена и актуелна до ден денес.“ – вели фронтменот Горан Такиќ Тола, истакнувајќи дека настапите на БДФЛ и Гитаријадата им биле само загревање за она што допрва ќе следи.

Наскоро може да се очекува и нов сингл кој ќе биде претставен заедно со видео запис, а сите три членови во еден глас порачуваат: „Драги патници, Хелм полета. Одврзете ги вашите појаси, бидејќи нема да има слетување!“ 

Како звучи „Грешница без лица“ можете да слушнете во продолжение.

 

 

 



Врати се горе ↑