Настани 1

25 март, 2016

Прв Меѓународен фестивал на поезија и уметност во Скопје

За првпат во Република Македонија, на ден 28.03.2016 година, во 20 часот во МКЦ (Клуб ресторан), во Скопје,  ќе се одржи фестивалот „Женски врисок“ (Woman Scream),  Меѓународен  фестивал на поезија и уметност, ширум светот познат како „Меѓународно движење на жените поети“ (Women Poets International Movement / Mujeres Poetas Internacional MPI), кој потекнува од Доминиканската република и е координиран на меѓународно ниво од страна на Хаел Урибе (Jael Uribe), како претседател на MPI.

Организацијата на фестивалот им припадна на поетесите Оливера Доцевска и Елена Пренџова, како координаторки, и Здружението „Јустиција“, во заедница со координаторите од уште 32 држави (оваа година) од целиот свет, како Доминиканската Република, Шпанија, Пуерто Рико, Франција, Луксембург, Италија, САД, Швајцарија, Австралија, Русија, Индија и многу други.

Фестивалот, претставува светски синџир на настани, прослави во март (од 1 до 31 март) каде што поети, уметници и организации (жени и мажи) од различни земји волонтираат во чест на жените и испраќаат пораки на самодоверба, почит и го зајакнуваат гласот против насилство врз жените, на рамноправна основа.

Poster Woman Scream 2016 (Horizontal) small

Учествуваат:
Ивана Атанасовска – театарски перформанс, Влатко Стефановски – балетски перформанс, Даниел Данн – музички перформанс, гитарата на Александар Пешевски и поезијата на  Џабир Дерала, Виолета Танчева Златева, Елена Пренџова, Оливера Доцевска, Трајче Кацаров, Марина Мијаковска, Марта Маркоска, Викторија Сиљаноска, Делвина Керлуку, Асдрен Челику, Бобан Богатиновски, Александра Велинова, Кети Јованова, Цвета Колева, Стефан Марковски, мини-изложба на ликовните уметници: Симонида Филипова-Китановска – акварел, Симон Калајџиев – комбинирана техника колаж и цртеж, Тони и Еми Тоциновски – цртежи, Иванка Апостолова – стрип илустрација, Дороти Пачкова – фотографија, шампионите во латино-американски танц Влатко Стефановски и Јулијана Јовановска, Евгенија Лисичова – мини-портрети на присутните.

Поддршка на настанот дадоа и: ЦИВИЛ , Македонска Платформа Против Сиромаштија – МППС, YENİ Yildiz TÜRK Derneği – турско здружение во МК Национален совет за родова рамноравност – СОЖМ, РОМА С.О.С. Прилеп
МКЦ Клуб Ресторан



Врати се горе ↑