Концерт 1472871_10202635898397527_2025487972_n

5 декември, 2013

Прв концерт на Марија Плава (Паркети) во Битола

Во август годинава Марија Плава го претстави својот самостоен деби албум насловен „You’re Here“, кој содржи 11 песни отпеани на англиски јазик. Плава, која е позната и како членка на познатиот битолски состав Паркети, е комплетен автор на материјалот од ова издание, а истиот наскоро ќе ја доживее и својата концертна промоција закажана за 14-ти декември (сабота) во поранешната сала за свадби во Центарот за култура во Битола.

Настанот ќе започне во 22 часот, а влезот е 100 денари. Во продолжение уживајте со темата „The Sequence“.



Врати се горе ↑