15 септември, 2014

Провокативен видео запис за новиот сингл на Лени Кравиц

Како што е познато, американскиот музичар Лени Кравиц на 23 септември ќе го претстави својот десетти по ред студиски албум насловен „Strut“, а како прв сингл од новото издание беше претставена темата „The Chamber“, која деновиве доби и свое видео издание. Како изгледа сето тоа можете да погледнете горе.

Претстојното издание е продуцирано и аранжирано од самиот Кравиц, кој исто така свири и на гитара, клавијатура, тапани и перкусии, а за миксот се погрижи Боб Клирмаунтен, кој соработувал и со имиња како што се Дејвид Боуви, Брус Спрингстин и други. „Овој албум ме врати во времето на музиката која најмногу ја сакав, чувствата што ги имав кога бев во средно училиште. Тоа е вистински рокенрол албум – сиров, со душа и го направив за многу кратко време“, изјави музичарот опишувајќи го новиот материјал, кој ќе го промовира во рамките на светската турнеја чиј почеток е закажан за 22 октомври во Москва, Русија.

Покрај првиот сингл, музичарот неодамна ја објави и насловната тема „Strut“, која можете да ја слушнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑