3 октомври, 2013

Провокативен видео запис од Ријана: Погледнете го „Pour It Up“

Во новиот и долгоочекуван видео запис за песната „Pour It Up“, која е трет сингл од нејзиното актуелно издание „Unapologetic“, Ријана игра двојна улога – таа е и стриптизерка, но и „муштерија“. Песната чија продукција ја потпишува Мајк Вил Мејд Ит, во новиот видео запис добива прилично буквална интерпретација; покрај пејачката се појавува и младата акробатка и танчерка Никол „The Pole“ Вилијамс, а додека тие танцуваат, околу нив „врне дожд“ од пари.

Нема потреба да се спомне дека видеото е забрането за лица под 18 години, а како изгледа сето тоа можете да видите горе.

 



Врати се горе ↑