1 февруари, 2014

Провокативен видео запис на Енрике Иглесијас (18+)

Енрике Иглесијас деновиве го претстави видео записот за новиот сингл со кој го најавува неговиот долгоочекуван десетти студиски албум кој би требало да се појави на почетокот на годинава. Станува збор за темата „I’m a Freak“ која е уште една соработка со неговиот колега Питбул и е трет официјален сингл од новото издание – првиот беше „Heart Attack“, а вториот на шпански јазик беше темата  „Loco“ во која гостува Ромео Сантос. Иако Иглесијас редовно ангажира згодни девојки за неговите видео записи, овој пат сето тоа е малку попровокативно од вообичаено, а како изгледа сето тоа можете да погледнете горе.

Новиот албум ќе го носи насловот „Sex+Love“ и е закажан за 18-ти март. Покрај веќе споменатите песни, Енрике заедно со Марко Антонио Солис неодамна ја сними и песната „El Perdedor“ за новата мексиканска ТВ серија „Lo Que La Vida Me Robó“, која исто така ќе се најде на претстојното издание. И оваа песна неодамна доби свое видео издание кое можете да го погледнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑