28 март, 2013

Провокативен хрватски видео запис забранет на YouTube

Групата Транзистор го објави новиот спот за песната „Мама“, кој поради експлицитните сцени е забранет на сервисот YouTube. Песната го прикажува животот на момчето кој што живее со мајката, ноќе игра игри и гледа порно сајтови, а дење работи како хостеса на аеродромот. Иако наиде на големи критики, во Хрватска се смета за вистинско освежување во музиката и морето од исти спотови.

Спотот содржи сцени со гола девојка, стриптиз, алкохол и дрога, поради што и веројатно е забранет на YouTube. Меѓутоа, позади сето ова се крие критика на општеството и коментар за просечното момче кое се обидува да се носи со својот празен живот.

Извор: fama.mk



Врати се горе ↑