Аудио daft-punk-random-access-memories-commercial-ad-600x450

18 април, 2013

„Протече“ првата песна од Дафт Панк: Слушнете ја „Get Lucky“

Уште по првиот пат откако француското електро дуо Дафт Панк претстави краток промо материјал од новиот албум, на интернет секојдневно се појавуваа миксови од фанови, претставени како „новата песна од Дафт Панк“. Деновиве пристигна и целосна верзија на една песна, која според она што може да се слушне, не е микс, туку доста веројатно е оригинална песна што „протече“ малку порано од закажаното – албумот ќе излезе на 21-ви мај, а глобална премиера ќе има во малото австралиско гратче Wee Waa, на 17-ти мај.

Во продолжение (додека не ја отстранат) слушнете ја „Get Lucky“, во која гостуваат Фарел Вилијамс и Најл Роџерс.

 



Врати се горе ↑