Аудио noel-gallagher

23 јануари, 2013

„Протече“ необјавена песна од Ноел Галагер

На интернет се појави демо верзија на до сега необјавената песна „Oh, Lord“, чиј автор е најверојатно Ноел Галагер. Се верува дека песната е снимена во 2010 година, а минатото лето исто така „протекоа“ и други две непознати песни од поранешниот член на познатиот британски бенд Оејзис, а тоа беа „God Help Us All“ и „It Makes Me Wanna Cry“, кои наводно биле снимени во текот на тонската проба на еден од неговите настапи.

Ноел Галагер ќе биде и новиот главен организатор на серијата добротворни концерти за Фондацијата за борба против ракот кај адолесцентите (Teenage Cancer Trust), на местото на досегашниот организатор Роџер Далтреј од групата Ху (Who). До сега настапите ги потврдија Касабиан, Прајмл Скрим и Рајан Адамс, како и самиот Галагер, а на претпоследниот концерт на 23-ти март ќе настапи и познатиот Блур двоец, Дејмон Албарн и Греам Коксон. Галагер изјавил дека се надева и дека можеби ќе засвири со своите некогашни ривали: „Дали ќе настапиме заедно? Се надевам… Јас сум за. Малку импровизација секогаш е добредојдена.“ 

„Протечената“ песна „Oh, Lord“, последно ја слушнавме на следниот линк.

Извор: NME/MTV, фото: фејсбук фан страница

 

 



Врати се горе ↑