Аудио jennifer-lopez

22 април, 2013

„Протече“ необјавена песна од Џеј Ло: Слушнете ја „What Is Love?(Part II)“

На 16-ти април, преку нејзиниот Твитер профил Џенифер Лопез најави дека „нешто ново ќе пристигне многу поскоро отколку што мислиме“, што веројатно се однесува на новиот материјал кој го подготвува за нејзиниот нов албум закажан за годинава, а деновиве пристигна уште еден новитет поврзан со латино дивата. Имено, неодамна на интернет „протече“ песната „What Is Love (Part II)“, своевидно продолжение на една од песните кои се најдоа на нејзиниот последен албум „Love?“ од 2011 година. Во оваа песна таа го споменува и последниот развод: „I had a ring on it, but I had to take it off / I wasn’t nearly getting a love that I deserved.“

По седум години брак, Лопез и нејзиниот последен сопруг, пејачот Марк Ентони, се радведија во истата година кога беше претставен албумот „Love?“. Оваа „нова“ песна наводно е продуцирана од Жан-Батист, автор кој последно пишувал за Мадона, односно нејзиниот албум „MDNA“, а бил дел и од авторскиот тим на „Pink Friday: Roman Reloaded: The Re-Up“ од Ники Минаж. Како звучи „What Is Love?(Part II)“, можете да слушнете во продолжение.

 

Извор: Idolator



Врати се горе ↑