Настани 78ACC112-F1D8-4161-B3E6-BE3E299BAA76_cx0_cy13_cw0_

8 мај, 2015

„Протагонист“ в недела во живо на 103-ка

Неделната емисија „Ако никој не свири“ на Канал 103 ќе биде домаќин на бендот „Протагонист“ (The Protagonist). Материјалот од нивниот деби албум „No Exit Museum“ ќе биде претставен на фрекфенцијата на 103-ка на 10 мај со почеток во 22 часот. Покрај комплетниот материјал кој се најде на изданието, ќе имате можност и премиерно да ги чуете „Протагонист“ во една специфична акустична варијанта.

„Протагонист“ е формиран во 2010-та од Р.С.Раш и Кузман. Со еклектичноста како основна цел, тие неуморно работат во нивното студио, каде беше снимен и деби албумот „No Exit Museum“. Неговата основа е богат лиричен и провокативен концепт инспириран од научната фантастика, драмата, сè до човечките и земјените состојби. Материјалот е мастериран од Сајмон Хејворт, човек кој во својата биографија бележи соработки со Ник Кејв, Мајк Олдфилд, Брајан Ино, „Депеш мод“, „Симпл мајндс“ итн.

Делата од првенчето на „Протагонист“ го испровоцираа и хрватското издание на списанието „Ролинг стоун“, чии критичари нагласија дека „во нивната работа се чувствува свежина и квалитет на искуство кое содржи страствена креативност.”

Тешко е да се даде жанровска определба на група која фузира електроника, органски гитарски звук и полни богати вокали, кои се претопуваат во хоризонти на кои што не можете да останете рамнодушни.

Двојката којашто стои зад овој несекојдневен и прогресивен производ се всушност визионери со високи артистички стандарди. Р.С.Раш е магистар по уметност во комуникациски науки, а Кузман академски музичар кој од своите средношколски денови храбро експериментира со продукција и оригинално творештво.

„Ние најпрвин правиме музика која содржи универзални теми. Не користиме фолклор туку правиме нешто кое дирекнто има врска со времето во кое живееме и иднината отсекогаш нè возбудувала. Така пристапот ни е сосема специфичен. Сите се добродојдени и ние нема да ги убедуваме, оние што ќе потрошат неколку часа самите ќе се убедат…“, вели Р.С.Раш.

Официјалното излегување на албумот очекувајте го наскоро…

Официјалниот сајт на The Protagonist 
The Protagonist на Фејсбук



Врати се горе ↑