8 април, 2016

„Протагонист“ го најавуваат новиот албум со „Love Stream“

По издавањето на полуконцептуалниот деби албум „No Exit Museum“, од кој два сингла се најдоа меѓу најдобрите 20 на листата на Ем-ти-ви и добија позитивни критики во списанието „Ролинг стоун“, „Протагонист“ (The Protagonist) продолжуваат понатаму со работа на нивниот нов албум наречен „Absolute Attitude“.

Првиот сингл од новиот албум е насловен „Love Stream“. Со својата мелодичност и моќност синглот ја прикажува музичката енергија, прогресивноста и свежината на бендот, исполнет со топли и во исто време продорни вокали, како и доста енигматична и суштинска лирика.

„За разлика од нашиот деби албум ’No Exit Museum’, музиката од новиот материјал на кој работиме како дел од албумот ’Absolute Attitude’ е доста подиректна, овој пат користиме повеќе гитари и мислам дека успеавме да дојдеме на едно посебно место каде успеваме да ги балансираме рок-музиката и електрониката. Сите прогресивни елементи од нашата музика се таму, овој пат см многу поексплицитни и сме навистина возбудени поради објавувањето на новиот сингл ’Love Stream’“, изјавува Раш.

Видеото е снимено во студиото на бендот во Скопје. Исто како и предходните видеа за сингловите од првиот албум и овој пат целиот процес на создавање го потпишуваат членовите на бендот.



Врати се горе ↑