Концерт

5 декември, 2016

Проштален концерт на „Леб и сол“ на 20 декември во МОБ

Во рамките на тековната сезона на Македонската опера и балет, на 20 декември проштален концерт ќе одржи легендарната група „Леб и сол“, која ќе настапи заедно со хорот и оркестарот при МОБ, а влезниците по цена од 600 денари можете да ги набавите преку продажната мрежа на „МК Тикетс“, „Карти“, како и во билетарницата на МОБ.

Бендот годинава го прославува својот 40. роденден, а после прошталниот концерт во 1995 година во Солун, во 2006 година составот се собра повторно за да ја одбележи 30-годишнината од своето постоење. Поставата тргна на турнеја по земјите на поранешна Југославија, а во неа беа Влатко Стефановски, Бодан Арсовски, Гарабет Тавитјан и Кокан Димушевски. Тоа всушност беа и последните настапи на легендарната група во комплетен состав.

За време на постоењето, групата има снимено 11 студиски, четири живи албуми и две сингл плочи, а нивните хитови како што се „Чукни во дрво“, „Као какао“, „Скопје“ и многу други ќе се пеат и од многу идни генерации.



Врати се горе ↑