Аудио kc

21 април, 2015

Пронајдена песната „And I Love Her“ во изведба на Курт Кобејн

Отсекогаш било познато дека Курт Кобејн бил голем фан на „Битлси“ (ја напишал песната „About A Girl“ откако 24 часа без престан го слушал албумот „Meet the Beatles!“), но до неодамна, многу мал број на луѓе имале можност да слушнат како пее песна од легендарниот британски бенд. Деновиве конечно била пронајдена изгубената демо верзија на која Курт ја пее And I Love Her, а како звучи сето тоа слушнете во продолжение.

 

За животот на легендарниот фронтмен на „Нирвана“ годинава ќе биде објавен и првиот официјален документарен филм, чиј трејлер можете да го погледнете овде.



Врати се горе ↑