Промоции IMG_7598

3 април, 2015

Промовирана стихозбирката „Отворена книга“ на Раде Силјан во Битола

Во рамките на турнејата на книгата, вчера во Битола, во преполната сала на Центарот за култура, беше промовирана новата стихозбирка „Отворена книга“ од современиот македонски поет Раде Силјан.

За делото говореше Златко Жоглев, ректор на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ во Битола, а стихови интерпетираа професорките од Педагошкиот факултет во Битола, проф. Даниела Андоновска-Трајковска и проф. Гордана Стојаноска.

По повод 70-годишнината од започнувањето на наставата по македонски јазик во престижната гимназија „Јосип Броз Тито“, како нејзин поранешен ученик, Раде Силјан донираше колекција на свои книги за библиотеката на оваа престижна установа во Македонија.

Промоцијата се одржа во рамките на саемот за книга во Битола, кој започна на 2 април, а ќе трае сè до 5 април (недела).



Врати се горе ↑