Галерија

30 јули, 2018

Промовирана новата програма на уличното списание „Лице в лице СЕНС“ за адресирање на предизвиците од социјалната сфера

Нема смисла тоа што Струга ја нарекуваме град на поезијата, а овде владее културата на кладилниците и казината. Струга е позната и како град на спортот, а нема базен – тоа навистина нема смисла. Имаме огромна сала за култура во која најголемиот дел штекери се дисфункционални. Немаме свест за екологија, самоиницијативност… Ова се дел од забелешките кои граѓаните на Струга ги споделија на настанот „Мaking SENSE -Промоција на новата програма на Лице в лице – СЕНС“, кој се одржа во саботата во рамките на фестивалот за процесирање култура „ДримОН“ во Струга.

Фотографија на Лице в лице.

Летната сцена при Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ ги собра на едно место поддржувачите на уличното списание, љубопитни да дознаат што ново нуди „Лице в лице“. Присутните имаа можност да се запознаат со идејата зад новата програма на уличното списание, но, и да си ги набават новите производи, со што го даваат својот удел во развојот на социјалната економија во Македонија.

Фотографија на Лице в лице.

„За жал, во моментов најголемиот дел од бизнисите создаваат поделби на економско, социјално и на еколошко ниво, односно прават профит правејќи проблеми. Како социјално претпријатие создаваме бизнис што ќе решава проблеми, кој низ процесите на набавка и производство вградува одржливи практики и се грижи за планетата и за луѓето, а профотитот го насочува кон решавање на проблемите идентифицирани од заедницата“,  рече Климентина Илијевски, извршна директорка и главна и одговорна уредничка на „Лице в лице“.

Фотографија на Лице в лице.

СЕНС цели да решава предизвици од социјалната сфера, давајќи одговор на бесмисленостите што ги согледува нашата заедница. Станува збор за развој на нов концепт, кој, преку продажба на дизајнирани нотеси, беџеви и други аксесоари, развивање бизнис модел, решавајќи проблеми. Производите имаат автентичен печат на авторите Ване Костуранов и Зоран Инадески, но, се дизајнирани под капата на тема на која ѝ треба адресирање – родителството, уметноста и промовирање на велосипедот како основно превозно средство.

Фотографија на Лице в лице.

Производите ќе бидат достапни од понеделник, 30 јули и ќе може да се нарачаат преку страницата на „Фејсбук“ на „Лице в лице или на мејлот [email protected] „Лице в лице СЕНС“ се развиваше во рамки на проектот „Смарт Старт: оддржливо влијание на граѓанските организации преку зајакнување на капацитетите за социјално претприемништво и иновации во Македонија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Турција“.

Фотографија на Лице в лице.



Врати се горе ↑