Концерт Karolina - poster - esen 2014 - preview

26 септември, 2014

Промотивни концерти на Каролина со „Македонско девојче 2“ во Битола и во Охрид оваа есен!

По откажаната летна турнеја „Смеј ми се смеј“, битолчани и охриѓани сепак ќе имаат можност да уживаат во 2 концерта на Каролина со проектот „Македонско девојче 2“, јавуваат од Авалон продукција. Концептот на овие концерти ќе биде истиот од промотивните концерти во Македонската Опера и Балет кои што се одржаа оваа година, во првиот дел од концертот во целост ќе биде изведен албумот „Македонско девојче 2“, а во вториот дел ќе бидат изведени песни од албумот „Македонско  девојче 1“.

Влезниците во продажба по цена од 400 денари ќе бидат пуштени од 1 октомври.

–      Битола/ Центар за Култура/ 24 октомври, почеток – 21.00 часот

–      Охрид/ Центар за Култура/ 25 октомври, почеток – 21.00 часот

ВАЖНО: Иако се работи за домови на култура со многу мал капацитет, Авалон продукција одлучи овие концерти да бидат ексклузивни и единствени, што значи дека нема да има додавање на нови датуми. Ова ќе биде единствена шанса да се види Каролина во овие два града со оваа програма во оваа календарска година.



Врати се горе ↑