Македонија

19 декември, 2017

Промоција со многу позитивна енергија на „Ни лук јал, ни ќебапи мирисал“ на „Стиховен калибар“

Освен новата песна „Содом“, која доаѓа после цели шест години пауза, Горан Јанкуловски, за публиката познат како „Стиховен калибар“, деновиве ја промовираше и својата нова книга насловена „Ни лук јал, ни ќебапи мирисал“.

Без многу помпа и премногу формалности и говори, посетителите на промоцијата имаа можност да дојдат до книгата, да добијат посвета и директно поразговараат со авторот. Дел од опуштената атмосфера, во која стотина гости останаа скоро 3 часа и уживаа во пријатната атмосфера, можете да погледнете од видео-прилогот во продолжение.

 

Книгата „Ни лук јал, ни ќебапи мирисал“ е во издание на Центарот за промоција на култура и туризам, а наскоро се очекува и дистрибуција на остатокот од тиражот во продажни места кои дополнително ќе бидат посочени.



Врати се горе ↑