Промоции 11393274_860290944025054_8314117523889177631_n

15 јуни, 2015

Промоција на заедничка книга од Катарина Фиаменго од Белград и Елена Пренџова од Скопје

Во понеделник во 21 часот на платото во МКЦ ќе се одржи промоција на заедничка книга на поетесите Катарина Фиаменго од Белград и Елена Пренџова од Скопје. Книгата е двојазично издание во кое поезијата на Фиаменго ќе биде претставена на македонски јазик во препев на Пренџова и обратно, поезијата на Пренџова ќе биде претставена на српски јазик во препев на Фиаменго. Нивната книга е со двоен налов: „Симбиози“ од Катарина Фиаменго и „Политички коректна поезија / Љубољубива (избор)“ од Елена Пренџова. Промотор ќе биде писателот Славчо Ковилоски, кој е воедно и уредник на изданието, а стихови, покрај поетесите, ќе чита и актерот Игор Трпче, кој воедно ќе биде и модераторот на вечерта.

Катарина Фиаменго (Белград) како авторка не инсистира на формата на песната. Таа ужива во слободниот и краток стих и релативно кратките песни. Едноставноста на стихот и поетските мотиви кај Катарина се одликуваат со мајсторство на внимателност на деталите и зграбување на деловите од моментот. При читањето на нејзината поезија, читателите се во состојба да почувствуваат благопријатна меланхоличност, па дури и отрезнувачко чувство за монотоноста на секојдневието. Преку стиховите на Катарина најбледо секојдневните мигови добиваат сосема ново доживување и прикажување.



Врати се горе ↑