Промоции 11219361_855348401212132_6952927710423614394_n

26 мај, 2015

Промоција на видео записот за песната на кампањата „Шанса за живот“‏

Утре, 27 мај, со почеток од 11.00 часот во киното „Синеплекс“ во „Скопје сити мол“ ќе се одржи промоција на видео записот за песната на кампањата „Шанса за живот“. Во изработката на видео записот беа вклучени поп пејачите Влатко Лозаноски, Рената, Виктор Апостоловски, Наталија Славева, како и детскиот хор на „Златно славејче“. Со песната и видеото тие ќе ги повикаат сите граѓани и компании да помогнат во собирањето средства за Интензивниот оддел на Клиниката за детски болести во Скопје, каде што се сместени предвремено родените и бебињата со компликации.

На настанот ќе бидат присутни д-р Аспазија Софијанова, директор на Клиника за детски болести Скопје, Марија Ставрева, менаџер за комуникации и општествена одговорност во ОКТА, Виктор Апостоловски, Рената, Наталија Славева и децата од хорот „Златно славејче“.

 



Врати се горе ↑