Промоции caver

12 декември, 2015

Промоција на Твитер календар за 2016 година

Промоција на Твитер календарот за 2016 година ќе се одржи денеска (12.12.2015) во „Јавна соба“, со почеток од 20 часот. Сакајќи да се продолжи традицијата на овој календар, годинава, седуммина храбри момци и девојки од Твитер заедницата имаа ентузијазам да се разголат пред објективот на фотографот Ѕвонко Плавевски , раскажувајќи ја приказната за своето алтер его.

Истовремено ќе биде одржана и продажна изложба на фотографиите кои се застапени на календарот, додека собраните средства ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

Првото издание на Твитер календарот се случи пред три години со мисија да се подигне свеста за навремено откривање на ракот на дојката, додека второто издание имаше цел да испрати позитивна порака за сексуалното здравје и образование.



Врати се горе ↑