Македонија Untitled-22-650x366

12 март, 2015

Промоција на првиот соло албум на Мијата, „Небеска“

Првиот албум на Наташа Крстевска – Мијата, кој го носи името „Небеска“, ќе биде промовиран на 19 март. Промоцијата ќе се одржи во „Сити хол“, а на неа се поканети сите оние луѓе со кои Мијата соработувала во изминатите десет години колку што е присутна на македонската музичка сцена. Исто така тука ќе бидат и сите оние кои учествувале заедно со неа и на останатите проекти кои ги имала, како на пример перформансот од 2009 година со име „Јаболка и круши за уметнички души“.

Самата промоција ќе биде збогатена со бенд кој ќе свири во живо и со кој таа ќе ги изведува песните од своето првенче.

Извор и фотографија: Вистина.мк



Врати се горе ↑