Промоции promocija-tempera

6 јуни, 2014

Промоција на првиот албум „Играј“ на групата „Темпера“

По неодамна претставениот деби сингл „Платични кули“, новата супер група Темпера ќе го промовира својот прв албум насловен „Играј“, јавуваат од Авалон продукција. Промоцијата ќе се одржи на 10 јуни (вторник) во клубот „Станица 26“ со почеток од 21 часот, а присутните ќе имаат можност да уживаат и во изведбите на неколку нови песни од новото издание. „Играј“ во официјална продажба ќе биде пуштен од 11 јуни, а ќе може да се најде во сите музички продавници низ Македонија.

 



Врати се горе ↑