Промоции Korica Od zbor do zbor

17 декември, 2015

Промоција на печатеното издание на книгата „Од збор до збор“ на Тихомир Јанчовски

На 19.12.2015 (сабота), во просторот на „Децата од нашата улица“ (Ленинова 29), ќе се одржи промоција на печатеното издание на книгата „Од збор до збор“ на Тихомир Јанчовски. Книгата го имаше своето електронско издание во 2013, во книготеката на офф.нет, а сега излегува и на хартија, со корици. „Од збор до збор“ е избор од досега објавената поезија на авторот. За книгата ќе зборува Владимир Мартиновски. Стихови ќе читаат: Зоран Тортевски, Јовица Ивановски, Ѓоко Здравески, Бојан Марина, Милош Б.А. и други.

Настанот е со почеток од 20 часот, а по промоцијата ќе следи и музички дел, за кој ќе бидат задолжени специјалните гости Добрила Грашеска и Драган Гиновски.



Врати се горе ↑