Промоции 521659_10151461683627529_1376722297_n

22 април, 2013

Промоција на новиот видео запис од Беи д фиш

На „апокалиптичната“ дата, минатата година Беи д фиш го промовираа нивниот нов албум насловен „At The End Of The Sand“, под етикетата на PMG Recordings, по што следуваше и концертна промоција. Сега составот ја закажува и официјалната промоција на првиот сингл насовен „Instant Generation“, која ќе се случи во вечерва, понеделник, 22-ри април, во кафе бар „Љубов“ со почеток од 19:30 часот, а истовремено и ексклузивна регионална премиера на музичкиот канал MTV, точно во 20:00 часот.

По долгогодишно непојавување во своите видеа, главните улоги во спотот ги зазедоа самите членови на бендот Огнен Анастасовски, Валентина Миновска, Ненад Тонкин и Владимир Настевски. Тоа така добро го направија под камерата на Георги М. Унковски, кој што е најголемиот заслужник за комплетниот изглед на спотот. По првата многу успешна приказна „True Story“, ова е негово второ видео за овој бенд.

 

www.facebook.com/events/134302590091534/



Врати се горе ↑