Промоции

14 мај, 2019

Промоција на новиот албум на Страјк – „Низ мојот живот“

В сабота (18 мај) во Младинскиот културен центар ќе се одржи промоција на новиот албум на македонскиот хип-хоп изведувач Страјк, со почеток во 21 часот. Изданието насловено „Низ мојот живот“ е трет соло-албум на Страјк, по досегашните „Кутија“ од 2011 година и „Земен рај“ во 2015.

Страјк кариерата ја започнува во 1997, како еден од основачите на „Легијата“ и еден од првите артисти што соработуваа со „Шурикен рекордс“, каде се појавува на првото издание – „SK Street Beatz“. Во 2001 заедно со Блажеј ја формираат групата СТР2 – насловена по графитите на Страјк, кратенка за „Стриктно Тврди Рими/Сон-Темнина/Реалност“ – и го објавуваат албумот „Не заборавај“. Потоа ги остварува и првите настапи како диџеј на Да Џака Накот, со што покрај графитите и рапувањето ја опфаќа и третата гранка на хип-хопот – диџејството, а следува и активната соработка со диџеј Гоце (С.А.Ф), со кого соработува и на своите два солистички албуми. Иако веќе со години ужива култен статус меѓу познавачите на македонскиот андерграунд хип-хоп, својот прв самостоен и веднаш распродаден концерт го одржа дури лани во декември, во рамките на фестивалот „Таксират“, а летово ќе настапи и на Д фестивал“ во Дојран.

Промоцијата е со почеток од 21.00 часот.



Врати се горе ↑