Промоции CD-SERGEJ-ĆETKOVIĆ-–-MOJ-SVIJET

22 март, 2016

Промоција на новиот албум на Сергеј Четковиќ во МНТ

Вечерва во 20 часот, во Македонскиот народен театар, црногорскиот поп-пејач и кантавтор Сергеј Четковиќ ќе го промовира својот најнов албум насловен „Мој свијет“.  Станува збор за шестиот студиски албум на Четковиќ, зад чија продукција стојат Мирослав Лесиќ и Предраг Мартињак. На албумот има 14 сосема нови песни, каде што, покрај емотивните, има и композиции во италијански поп-стил, а насловен е според истоимената песна со која во 2014 година ја претставуваше својата земја на „Евровизија“. Промоцијата на албумот е во организација на Амбасадата на Црна Гора во Македонија.



Врати се горе ↑