Промоции 11_21_01_2013_11_10_06_99961

24 јануари, 2013

Промоција на новиот албум на „Милко“ во МКЦ

Во 2012 година „Милко“ го најавуваа својот нов албум наречен „Луѓе“, кој е плод на нивната соработка со продуцентот Ивица Јанкуловски. Албумот се состои од 10 песни, а за првпат изведувани на македонски јазик. По неколкуте персонални промени на местото бас гитарист, на овој албум се појавува младиот Филип Поповски.

Албумот може бесплатно да се спушти на www.pmgrecordings.com, a концертна промоција е закажана за денеска,  24.01.2013 (четврток 22 часот) во холот на кино Фросина – Младински културен центар – Скопје.

„Милко“ се роди есента, 2006 година во темна и валкана подземна просторија во една скопска населба и е плод на заедничка идеа која се разви преку имагинацијата и потребата за музичко изразување на сопствените скриени интимни чувства. Милко е привремено прибежиште, начин на живеење и соочување со реалноста.

Во март 2008 година го издадоа своето прво ЕП „Don’t let them win“ за PMG Recordings промовирано во скопскиоt клуб „Retox“. Изданието содржи 5 песни снимени и продуцирани од Димитар Петров.

Во септември 2009 година го снимаат  „Changes“ за PMG Recordings. Второто ЕП издание е снимено во клубот „Кастро” каде е и промовиран материјалот од ова ЦД. Материјалот е снимен во живо и е продуциран од Ненад Трифуновски.

Првиот албум го издаваат во декември 2010 година под наслов „Никотин” снимен во студиото на „Бла Бла Бла” во далечната 2003 година заедно со продуцентот Дејан Еврушевски. Овој албум му го посветуваат на својот прерано починат пријател и прв гитарист на групата „Никотин” Милко Митревски, група од која произлезе „Милко“.

Промоцијата на овој албум беше комбинација од концерт и арт перформанс на која настапија „Милко“ и младиот уметник од Скопје Маја Кировска.

„Милко“ го сочинуваат Сашо Митревски (гитара, вокал), Стефан Терпини (тапани) и Филип Поповски (бас гитара).



Врати се горе ↑