Промоции

25 јуни, 2014

Промоција на новиот албум на „Хај контрол“

Алтернативниот бенд од Тетово, „Хај контрол“ (High Control) во петок, 27 јуни, во коктел барот „Тихуана“ во Тетово ќе го промовира својот нов, трет студиски албум насловен „Спомени“. Албумот содржи 10 песни од кои што неколку веќе се промовирани во етерот, и за кои веќе постојат и видео записи. Промоцијата со почеток во 22.00 часот, ќе биде од комбиниран карактер, и тоа: настап во живо – акустична верзија, преслушување на албумот, како и мултимедијална видео проекција.

Бендот во состав: Роберт Матовски, Игор Мариниќ, Гоце Симоноски и Дамир Ибраимоски, веќе постои на сцената повеќе од седум години, зад себе има неколку стотици настапи меѓу кои и настапи на престижни фестивали како што е Егзит фестивалот во Србија.

Повеќе информации за „Хај контрол“ може да најдете на www.highcontrolmusic.com

Во продолжение уживајте со нивниот минатогодишен хит „Заборави“.

 



Врати се горе ↑